Мурињо пак по Модриќ!?
Жозе Мурињо е подготвен да повлече низа потези за да го доведе Лука Модиќ во Челзи, тврди познатиот фудбалски агент Франсоа Гардо. Една од варијантите Хрватот да замине во Лондон е португалскиот стратег на Реал да му го отстапи Оскар и да доплати одредена сума.

„Мурињо е вљубеник во играта на Модиќ, но знае дека тој е претерано скап. Затоа мислам дека ќе го понуди Оскар, кој важи за еден од подобрите фудбалери на Челзи“, убеден е агентот. Во неговите шпекулации може и да има вистина, не само поради упатеност во фудбалските прилики или евентуално во конкретниот случај, туку и ако се знае дека кога беше тренер на Реал, токму Мурињо инсистираше да го купи Модриќ од Тотенхем.