Партии

Референдумот спорна тема помеѓу власта и опозицијата

06.09.2022 14:37

Почнува постапката за собирање потписи за референдумот инициран од ВМРО-ДПМНЕ. Утре во Државната изборна комисија ќе поднесат 100 квалификовани потписи. Очекуваат референдумот да се одржи напролет. СДСМ со став-нема да дозволиме државата да застане, ниту да се врати назад, а Мицкоски не може да ја спречи европската иднина...

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе почне постапката за собирање на 100 потписи во Државната изборна комисија, а по претстојниот празник иницијативата ќе ја достави до претседателот на Собранието. Партијата донесе одлука за организирање на задолжителен референдум за поништување на договорот со Бугарија, кој како што велат е корен на сите негации на македонскиот јазик, идентитет и историја изминатиов период. Ја повикуваат СДСМ да не тактизираат со народната волја, и да покажат минимум демократски капацитет и да повикаат на излезност на Референдумот.

Ги негираат тврдењата на СДСМ дека во партија постоело некакво крило што би ги поддржала уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот.

Мицкоски измислува нови форми за нови блокади. Оваа иницијатива на е Референдум против членство во ЕУ, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик, потенцираа од СДСМ. Во владејачката СДСМ велат државнички политики направиле историски исчекор во остварување на стратешката цел поставена уште од независноста: започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ. Социјалдемократите нагласуваат дека пропаднале сите лаги и обиди за дестабилизација, за блокирање на европската иднина на државата.

Доколку се распише референдум за раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија тогаш веројатно според брифингот на ВМРО-ДПМНЕ тој може да се одржи најрано на пролет идната година. Има рок од три месеци за собирање на 150 илјади потписи и дополнителна временска рамка од 3 месеци да се подготват државните институции.

Игор Панов