Украина

МААЕ објави извештај за нуклерката во Запорожје

06.09.2022 18:05

Во инспекцијата, тимот забележал оштетувања на различни локации, а дел од нив биле и во близина на зградата со реактори. Се бара и подобрување на условите во кои работи украинскиот персонал.

Мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија објави извешај за нуклеарната централа во Запорожје. Експертите бараат привремени мерки за спречување на несреќа и итно формирање на зона на безбедност.

Во инспекцијата, тимот забележал оштетувања на различни локации, а дел од нив биле и во близина на зградата со реактори. Се бара и подобрување на условите во кои работи украинскиот персонал.

„Вработените се под постојан притисок што може да доведе до човечка грешка“ – се наведува во документот.

Во централата останаа двајца набљудувачи од мисијата на агенцијата.