Свет
САД: Исклучувањето на „Северен тек“ не е поврзано со западните санкции
06.09.2022 21:35
„САД и Европа работат заедно за да обезбедат доволно резерви“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД...

Русија избра да го затвори гасоводот „Северен тек“ што ја снабдува Европа и очигледно е погрешно да се поврзе ова затворање со западните санкции како што тоа го прави Москва, реагираше денеска американскиот Претставнички дом.
„САД и Европа работат заедно за да обезбедат доволно резерви“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, ветувајќи дека „европските резерви на гас за првпат ќе бидат полни до зима“.
