Норвешки судијки на полуфиналето Вардар СЦБТ-Будуќност
Норвешките судијки Кјерсти Арнтсен и Гуро Рен ќе ја делат правдата на полуфиналниот натпревар меѓу Вардар СЦБТ и Будуќност, на завршниот турнир на четирите најдобри екипи од годинашната Лига на шампионките, на 3 мај во Будимпешта.
Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) ги одреди арбитрите за сите мечеви на првиот „фајнал фор“ турнир во елитната лига во женска конкуренција. Сите се дами !

Француските сестри Шарлот и Жули Бонавентура ја добија довербата да го судат големото финале коешто ќе се одигра на 4 мај. Дуелот за третото место ќе го водат Русинките Викторија Алпаидзе и Татјана Березкина, додека Романките Дијана-Кармен Флореску и Амамарија Стоја ден претходно ќе бидат судијки на другото полуфинале Ѓер-Митјиланд.