Украина

„Играње со оган“ околу централата Запорожје

07.09.2022 10:00

Играње со оган околу атомската централа Запорожје, алармирачки пораки од шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија. Итно запирање на бомбардирање и сигурносна зона околу реакторите. Киев и Москва си ја префрлуваат одговорноста за нападите...

По посетата на атомската централа Запорожје, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Гроси упати алармирачки пораки. Си играме со оган и може да се случи нешто многу катастрофално, рече Гроси пред советот за безбедност во Њујорк.

Ситуацијата во нуклеарната централа ја оцени како екстремно опасна и побара итно запирање на бомбардирањето и отстранување на сите воени возила од објектот. Оцени дека постои ризик од нуклеарна несреќа, а за да се спречи непосакуваното сценарио, е нужно воведување сигурносна зона.

Киев и Москва меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за вооружени напади врз европската најголема атомска централа.