Свет

Пожар во караоке бар во Виетнам, 12 загинати и 11 повредени

07.09.2022 10:07

Пожарот избувна синоќа во бар во провинцијата Бин Дуонг. Спасувачките екипи се на лице место во потрага по жртви...

Најмалку 12 лица загинаа, а 11 се повредени во пожар во караоке бар во на југот на Виетнам.

Пожарот избувна синоќа во бар во провинцијата Бин Дуонг

Спасувачките екипи се на лице место во потрага по жртви. Причината за пожарот сè уште не е утврдена и отворена е истрага.