Свет

Нови шумски пожари во Калифорнија

07.09.2022 10:10

Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови откако избувна шумски пожар на подрачјето на Лос Анџелес во Калифорнија...

Најмалку две лица загинаа, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови откако избувна шумски пожар на подрачјето на Лос Анџелес во Калифорнија. Едно лице е хоспитализирано со тешки изгореници. Пожарникарите повикаа на евакуација на повеќе од 3.000 жители.

Власите предупредија на можен прекин на снабдувањето со електрична енергија. Покрената е истрага за утврдување на причините за пожарот.