Никола Ристановски награден за најдобра машка улога на фестивал во Нови Сад
Актерот на Македонскиот народен театар Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка улога на 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“ кој се одржа Нови Сад, Србија, Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот...

Актерот на Македонскиот народен театар Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка улога на 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“ кој се одржа Нови Сад, Србија,
Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.
Одлуката за наградата за Ристановски едногласно ја донесе жири во состав Ласло Блашковиќ (претседател), Јована Балашевиќ и Ивана Ѓуриќ-Пауновиќ (членови).
Веќе 30 години, Ристановски успешно ја гради кариерата во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници. Во неговата возбудлива кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар,
Претставата „Народен непријател“ на 5-ти ноември ќе гостува и во Италија.
