Митинг на СДСМ во Кочани

18.04.2014 19:01

Крената глава, гордо и достоинствено, ние сме на страната на правдата, ние сме на страната на вистината, ние сме на страната на љубовта кон оваа наша Македонија, немаме друга земја, немаме друг народ... Беше речено на митингот на СДСМ пред граѓаните на Кочани. Порачаа дека имаат искрени намери, чесен пристап и чесен концепт. Понудивме нов концепт, сосема нов пристап во кандидатските листи за пратеници, покажавме на сите дека граѓаните пред се е новата визија на социјал демократите. Ова е наша земја, ние немаме друга земја ниту имаме друг наш народ.

Крената глава, гордо и достоинствено, ние сме на страната на правдата, ние сме на страната на вистината, ние сме на страната на љубовта кон оваа наша Македонија, немаме друга земја, немаме друг народ... Беше речено на митингот на СДСМ пред граѓаните на Кочани. Порачаа дека имаат искрени намери, чесен пристап и чесен концепт. Понудивме нов концепт, сосема нов пристап во кандидатските листи за пратеници, покажавме на сите дека граѓаните пред се е новата визија на социјал демократите. Ова е наша земја, ние немаме друга земја ниту имаме друг наш народ. граѓаните од нас очекуваат да ја водиме битката , да бидеме предводници до крај, храбри, да ги охрабриме рекоа од СДСМ пред симпатизерите во Кочани. Лидерот на Социјал демократите Зоран Заев се заблагодари за досегашната поддршна и рече дека поддршката ја бараат од сите. Испрати порака и до албанците. Македонија е наша заедничка земја и одговорноста е на сите, рече Заев. Според него најбитно е граѓаните на 27 масовно да излезат на избори а нивна задача, обврска и одговорност е да ги мотивираат. Македонија е света земја, да се родиш македонец е благослов, да живееш како македонец е искушение и предизвик  и да се бориш за слободата и подобрата иднина на Македониија е света работа рече пред граѓаните на Кочани лидерот на Социјал демократите Зоран Заев.

На присутните граѓани во Кочани се обрати и кандидатот за претседател предложен од опозициската коалиција предводена од СДСМ Стево Пендаровски.  Им се заблагодари за гласовите во првиот круг од претседателските избори. Приоритетите на Стево Пендаровски според  неговата програма се економија, демографија и демократија. неговиот концепт е да му пријде на граѓанинот со име и презиме, независно од која вера, нација и партиска припадност е. Во програмата на Стево Пендраовски е издвоено и тоа дека уставот треба да се почитува, а слободите и правото се исклучително значаен сегмент. Не смее никој да го прескокнува уставот а тој ќе се спротиставел секогаш кога би биле повредени начелата, духот и нормите на уставот. Тврди дека ќе се залага за демократски вредности, човечко достоинство и граѓански слободи. Во една држава според кандидатот за претседател на опозициската СДСМ мора да владеат правото и демократијата, правосудството, полицијата и сите институции на власта не смеат да не ја гарантираат правната сигурност за луѓето и за правните субјекти. Пендаровски смета дека успешен претседател е оној кој придонел за решавањето на проблемите во државата. Според неговата програма поделбите се најголем непријател во една држава. Според кандидатот за претседател на Социјал демократскиот сојуз Стево Пендаровски, претседателот се избира од народот и затоа тој работи во интерес на народот и директно е одговорен пред граѓаните. Во неговата програма тој тврди дека ќе биде адвокат на граѓанските интереси. Вели дека претседателот треба да одговори на сите предизвици и треба да е двигател на сите процеси во државата. Приоритетите на Стево Пендаровски според неговата програма се интегирање на Македонија во Европската Унија и НАТО.

Новиот концепт на Социјал демократите е со идеа да се врати средната класа на луѓе, велат дека визијата која ја имаат за Македонија е остварлива бидејќи знаеле што и треба на земјата. Тврдат дека ќе се борат за пораст во економијата, владеење на демократките принципи и подобрување на демографската слика. Пред граѓаните на митингот во Кочани се обрати и кандидатот за пратеник Миле Андонов.