Инфлацијата достигна 16,8 насто на годишно ниво
Најголемо поскапување има кај маслото за јадење 46,7 проценти, на лебот 44 отсто. Млекото, сирењето и јајцата добиле зголемена цена за 30 отсто, месото за 20. Цените на мало, бележат раст од 14,2 проценти...

Инфлацијата достигна 16,8 насто на годишно ниво-објави државниот завод за статистика. За еден месец е зголемена за 1,3 проценти. Најголемо поскапување има кај маслото за јадење-46,7 проценти, на лебот 44 отсто. Млекото, сирењето и јајцата добиле зголемена цена за 30 отсто, месото за 20. Цените на мало, бележат раст од 14,2 проценти.
Извештајот на статистика покажува дека на едно домаќинство за една година трошоците само за набавка на храна и пијалаци им се зголемени за над 25 отсто. Очекувањата на експертите се дека до крајот на годинава инфлацијата ќе надмине 20 отсто.
