Македонија

Бислимоски: Граѓаните ќе добијат нови сметки за парно за август

07.09.2022 15:22

Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски...

Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски.

– Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецов останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август, рече Бислимоски.