Митинг на ДУИ во Битола и Ресен

18.04.2014 19:14

Сакам да ве уверам дека на 27 целото раководство на ДУИ  ќе биде со вас, не стравувајте и не попуштајте пед никакви притисоци излезете и гласајте за нас.  Со  ветување дека музејот на албанската азбука ќе биде реставриран. Обновен и опремен излезе пред битолчани, носителот на листата на петтата изборна единица Муса Џафери. Тој ги повика со својот глас да придонесат за големата победа на партијата која промовира толеранција и зближување

Чувајќи го сопственото наследство, го оддржуваме во живот здивот на, духот на културата. А тоа е предуслов за напредок и сила. Кога сме заедно сме и  подобри и посилни и подготвени за во Европа. Запомнете ние сме и бидеме секогаш со вас.

На жителите на Битола и Ресен, лидерот на ДУИ Ахмети им порача дека ДУИ нема да дозволи повторување на страдањата од балканските војни кога илјадници луѓе изгубиле своите животи. Им пренесе дека е горд што ги има о толкава бројка што пак било резултат на Охридскиот договор во духот на Европа, договор што повикува за поголема меѓуверска и меѓуетничка толеранција.

Со Охрдискиот договор се исклучуваа сите притисоци на помалите над помалите, секое надгласување, маргинализација и мајоризација. Ги зблужува  народите од оваа земја и им овозможува на секој од нив да ги култивира својот јазик,  историја , традиција и култура.

На жителите на Битола им се обрати и носителот на листата за четвртата изборна единица Неџати Јакупи кој ги охрабри албанците да гласаат слободно и онаму каде што ги има по еден гласач. Платформата ДУИ ја претстави и пред жителите на Ресен.  

Фиљана Кока