Актерката Стојановска ослободена од вина за шверц на дрога
Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење. Судијата Огнен Ставрев истакнал дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело за кое се товари.

Актерката Силвија Стојановска е ослободена од обвинението за транспорт на дрога, откако претходно за делото беше осудена на казна затвор од три и пол години. Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење. Судијата Огнен Ставрев истакнал дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело за кое се товари.
„Обвинетата Силвија Стојановска се ослободува од обвинението од причина што судечкиот совет смета дека јавниот обвинител не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетата го сторила дело за кое се обвинува“, кажа судијата Огнен Ставрев.
Првообвинетиот Воислав Будисавјевиќ доби седум години затвор, а подоцна Апелација му ја зголеми казната на 12 години.
Во меѓународната операција „Колибри“ беа лишени од слобода пет лица, од кои две на територијата на нашата држава и три лица на територија на Шпанија.
