Во четврток во „Македонија наутро“ ќе гледате...
Програмата за одбележување на денот богата, ние ја почнуваме со линковски вклучувања и репотери на терен од рано наутро...

Македонија празнува – одбележуавме 31 година независна држава. 8-ми Септември е остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу генерации граѓани кои живеа со мислата за слободна и самостојна држава. Празник кој не потсетува на надминатите предизвици, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму.
Програмата за одбележување на денот богата, ние ја почнуваме со линковски вклучувања и репотери на терен од рано наутро.
34-тата Интернационална олимпијада по информатика која се одржа во Индонезија, беше одлична можност македонските средношколци да покажаат што знаат и да се вратат дома со историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Благојче, Марко, Софија и Тео донесоа еден сребрен и два бронзени медали од најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, а само неколку дена подоцна еден сребрен два бронзени и олимписка пофалба добија македонските ученици на 15-тата Јуниорска балканска олимпијада во Романија. На оваа тема гости д-р Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари на Македонија. Благојче Павлески и Благој Рујаноски- информатичарите со кои Македонија се гордее.
Меѓународниот ден на писменоста е иницијатива на УНЕСКО воспоставена во далечната 1967-ма година, чија цел е секоја година на 8-ми септември да ја потсети меѓународната заедница на статусот на писменоста и образованието на возрасните на глобално ниво. И првата асоцијација кога ќе се спомне функционална писменост е способноста за читање, пишување и сметање. Но, тоа е далеку подлабоко прашање. Писменоста подразбира пошироко разбирање на различни видови информации и содржини и нивно користење за подобра комуникација. Дека без функционална писменост, нема функционално општество- тема на разговор со универзитатската професорка Весна Мојсова Чепишевска.
