Град Скопје

Арсовска: Забрзано се работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во Радишани

07.09.2022 17:41

Таа додаде дека Градот ќе ги продолжи теренските активности и реализацијата на инфраструктурните проекти со цел надминување на долгогодишните проблеми и предизвици со кои се соочуваат скопјани.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во населба Радишани, што започнаа пред еден месец.

Денеска извршивме увид во започнатите градежните активности на улица Скоевска, чија реконструкција предвидува обнова на коловоз како и партерно уредување и зеленило за прв пат по 4 децении, со што се подобрува безбедноста и движењето за учесниците во сообраќајот и овозможува соодветна патна инфраструктура - кажа градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека Градот ќе ги продолжи теренските активности и реализацијата на инфраструктурните проекти со цел надминување на долгогодишните проблеми и предизвици со кои се соочуваат скопјани.

Во проектот е предвидена  целосна реконструкција на коловозот на улицата и на нејзините три краци, со вкупна должина од околу 1800 метри и ширина од 6 метри, од крстосницата со ул. Ѓоре Ѓоревски до крстосницата со ул. Радишанска, како и партерно уредување и зеленило.