МВР
Приведен крадец во Кадино, фатен на дело додека крадел нафта
07.09.2022 18:43
Со него е извршен службен разговор во ПСОН Гази Баба каде го појаснил начинот на извршување на делото и истиот признал дека извршил уште една тешка кражба, при што одзел нафта од автобус во с.Миладиновци.

Денеска во скопско Кадино, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ј.(31) од Скопје, кој од товарно возило "мерцедес" одзел 50 литри нафта.
Со него е извршен службен разговор во ПСОН Гази Баба каде го појаснил начинот на извршување на делото и истиот признал дека извршил уште една тешка кражба, при што одзел нафта од автобус во с.Миладиновци.
По документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
