Османи-Хукстра: Патот на пристапување кон ЕУ бара време, Холандија ќе ѝ биде поддршка на Македонија
Холандскиот шеф на дипломатијата, Вопке Хукстра во посета на земјава. Оствари средба со министерот Османи. Патот на пристапување кон ЕУ бара време, Холандија ќе ѝ биде поддршка на Македонија…

Патот на пристапување кон ЕУ бара време, а Холандија ќе ѝ биде поддршка и ќе ја поттикнува Македонија во својата цел, истакна холандскиот министер за надворешни работи, Вопке Хукстра, по средбата со неговиот македонски колега Османи. На состанокот зборувале за деталите како Холандија може да помогне за транспарентноста, јавната доверба, борбата против корупцијата.
Министерот Османи истакна дека на состанокот зборувале за енергетската криза и инфлацијата и дека ЕУ има донесено план за заедничка набавка на гас и енергенси.
Министерот истакна дека Холандија останува поддржувач на Македонија. Својот колега го запознал за преземените чекори, подготовките што земјава ги прави на патот кон ЕУ.
Наредната година Македонија и Холандија ќе одбележат три децениска соработка.
Наташа Јанчиќ Менковски
