Македонец на Хардвард

18.04.2014 19:29

4 години напорна работа, истражување, бројни награди ... Амбициозноста и успешноста  го однесоа Филип на Хардвар. Од септември ќе студира на најреномираната институција каде што учеле највлијателните светски личности . Тој е првиот македонец што добил целосна стипендија  за Харвард. таму во моментов студираат 4 –ца македонци .

Дипломи, награди, пофалници, портфолио богато со регионални натпревари. Големите успеси на младиот Филип ги препозна престижниот Харвард. Од септември ќе седне во клупите каде што учеле  Барак Обама , Френклин Рузвелт, Бил Гејтс...Сонот на секој студент стана негова реалност.  Истрајноста, вели Филип конечно се исплати. Поминал часови  над книгата, во дебатирање и во невладини организации , а реномираниот  Харвард ги препозна неговите успеси.

4 години работа беа потребни за мене , за да го изградам моето портфолио и ЦВ за да го пратам на Харвард  и да бидам воопшто избран на Харвард и да бидам разгледан од нивна страна .  Потребен беше одличен успех во училиште , многу дебати , бев во САД преку министерството за образование воопшто не беше лесно и посветив голем дел од моето време . Изјави Филип Бујаровки

ММФ и Обединетите Нации се инстутциите во кои Филип ја гледа својата иднина .Сигурен е дека  Харвард и најдобрите светски професори ќе му го дадат знањето за да ја си оствари целта.  На Хардвард учат 4 студентки од земјава .Филип е единствениот што добил целосна стипендија  и еден од ретките македонци што  учеле на Харвард.

Викторија Тодоровска