МНР

Османи: Ејупи е вработена како соработник во протокол, на почетна позиција и нема ништо спорно во тоа

07.09.2022 19:34

Ејупи сосема случајно се нашла во групата од 13 соработници кои преминале од Министерството за политички систем во МНР и дека не гледа никаков проблем зошто посоченото лице не би требало да се вработи во министерството. Ги отфрли тврдењата дека личноста е кандидат за конзул...

Министерот Османи вели дека Бесмира Ејупи сосема случајно се нашла во групата од 13 соработници кои преминале од Министерството за политички систем во МНР и дека не гледа никаков проблем зошто посоченото лице не би требало да се вработи во министерството. Ги отфрли тврдењата дека личноста е кандидат за конзул.

„Преземена е од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на позиција соработник во протокол, што е почетна позиција во МНР. Во моментов имаме огласи за 16 нови соработници, кој е во тек“, рече Османи и додаде дека сите оние кои сакаат да работат во дипломатијата на почетни позиции имаат можност да аплицираат.

Османи нагласи дека е неточна информацијата оти Ејупи е советник, зошто се потребни од 10 до 15 години во ресорното министерство, со многу положени испити и работно искуство за да преминете од помлад соработник во советник. Османи не гледа ништо спорно во овој процес. Соопшти дека се потребни уште минимум 50 нови вработувања за да се надополнат потребите во ресорното министерство.