Mногу гости за празникот во Охрид

18.04.2014 19:38

Неколку илјади туристи од земјава и од околните држави Велигден го дочекуваат во Охрид. Македонскиот Ерусалим помалку изненаден од бројноста, но подготвен за дочек.  За мај, пак, се очекуваат чартери со гости од европските и од прекуокеанските земји.

Уште вчера попладне во Охрид започнаа да доаѓаат туристи од земјава и странство,кои продолжениот празничен викенд ќе го минат на охридското крајбрежјето. Туристичките работници се изненадени од зголемената посетеност.

„Најбројни се гостите од опкружувањето и има доста турци.За тоа придонесува постојаната кампања која се води за Охрид и Македонија и тоа што се поклопува православниот со католичкиот Велигден„.- Олег Маленко

Покрај охриѓани духовните храмови уште денеска масовно ги исполнија верници од странство.

„Забележително е присуството на луѓе и од нашите соседни држави Грција,Бугарија,Србија,така што секоја година се чуствува поголем број  и поголема присутност и на светите богослужби.- отец Димче Азески

„Доаѓам по втор пат во Охрид.Првиот пат не успеав да видам ништо освен езерото и затоа сум повторно тука за да го запознам овој прекрасен град„.- туристка од Италија

„Јас доаѓам по втор пат овде бидеќи многу ми се допаѓа градот„.- туристка од Бугарија

Велигденските празници се убава најава пред почетокот на туристичката сезона која започнува кон крајот на април со првиот чартер лет од Холандија,а за мај се најавени голем број странски групи од Европа и прекуокеанските земји.

Сашо Нелоски