Пендаровски: Единството е клучниот предуслов за успех, да го обновиме
Со идентитетот се раѓаме, а карактерот го развиваме, длабоките поделби ѝ натаму најголем предизвик за нашиот тим. Единство, заедништво и свест за општото добро-порача претседателот Пендаровски…

На 8-ми септември 1991-ва година користејќи го сувереното право на самоопределување, прогласивме независна држава и се вклучивме во културниот натпревар меѓу народите. Единството е клучниот предуслов за успех, да го обновиме-порача претседателот Пендаровски на свеченоста на доделувањето орден „8 Септември“. Според шефот на државава, вистинските двигатели на заедништвото треба да ги бараме меѓу оние кои не се мотивирани од тесни, туку од повисоки интереси.
Според претседателот, меѓу ретките херои на македонската независност се и спортистите кои со своите успеси не поврзуваат дури и кога сме поделени. Сплотени со сите наши таленти и разлики, како еден македонски тим, да продолжиме да го градиме заедничкиот дом.
Годинава со орден „8 Септември“ се одликувани Оливера Наковска Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски – освојувачи на олимписки и параолимписки медали.
Нивните спортски и човечки вредности се предуслов за изградба на хумано општество.
Четворицата спортисти освојувачи на медали на олимписките и параолимписки игри имаат значаен придонес за меѓународна афирмација и за угледот на државата. За нив овие награди се голема чест и повод за натамошни успеси.
Сунчица Николоска
