Македонско јагне на трпезите низ Европа

18.04.2014 20:36

200 овци 50 јагниња,ова е бизнисот на браќата Манчевски од селото Рабово. Идејата да се занимаваат со сточарство им успаеала ги користеле и државните субвенции

- Сточарството е најповолно, се одлушивме да работиме со овци, во 2006 имавме 60, моментално имаме 220.
За Велигденските празници ги продале јагнињата.
- Ги продадовме јагнињата, субвенции добивме, по 140, едни по 135.
Повеќе од 160 000 македонски јагниња завршија на странските пазари, цената достигна до 160 денари за килограм.
-Се почна од некои 135-140  денари, меѓутоа како одеше периодот, нели согласно со зголемената побарувачка, цената растеше така да во моментов  цената се двиѓи околу 160-165 денари по килограм, што е веројатно некоја пристојна цена од која што нашите сточари можат да бидат задоволни 
 
Најголем купувач на македонското јагне е Италија, годинава  зголемен интерес имаше и од Грција, Хрватска и Србија.