Ден на независноста

Доделени државните награди „8 Септември“

08.09.2022 14:30

Во Собранието доделени наградите „8 Септември“ – највисоко признание за животно дело и признанија за остварувања во областа на спортот …

Наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоцијата на земјава на меѓународен план му припадна на Чедо Николовски – поранешен борач во слободен стил и освојувач на голем број домашни и меѓународни признанија. Најтрофејниот македонски спорт во историјата му донесе учество на 8 светски и 10 европски првенства.

Наградата, пак, со која се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот се доделува на Атанас Костовски – доајен на македонското спортско новинарство, Зоран Карановиќ – поранешен одбојкар, тренер, во последните три децении Генерален секретар на Одбојкарска федерација на Македонија, Стојан Андриевски – тренер-селектор на македонската карате репрезентација во кати и Ацо Јорданов – поранешен во борење, судија и спортски работник.

Атанас Костовски го одработи првиот телевизиски директен пренос во далечната 1965 година. Тој е поранешен долгогодишен уредник на спортската редакција на Македонската телевизија.

Александра Спировска