Граѓаните одблиску се запознаа со работата на полицијата и армијата
На денешниот отворен ден во градскиот парк присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски.

По повод денешното одбележување на Денот на независноста- 8 Септември во Градскиот парк во Скопје граѓаните имаа можност да погледнат дел од опремата и возилата со кои располагаат Армијата на Република Северна Македонија и на Министерството за внатрешни работи. Покрај тоа тие имаа можност да се дружат со припадниците на двете институции и да се запознаат со нивните задачи, опрема и да погледнат показни вежби.
На денешниот отворен ден во градскиот парк присуствуваше и министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал Васко Ѓурчиновски.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска упати честитка до сите граѓани и порача дека безбедноста и сигурноста на нашите граѓани е најважна. Припадниците на армијата, полицијата и останатите безбедносни структури се гарантот.
