Скопје

Денот на независноста одбележан со низа активности во градскиот парк

08.09.2022 14:50

Денот на независноста одбележан со богата културно-уметничка програма на „Школка“ во градскиот парк. Граѓаните одблиску се запознаа со работата на полицијата и армијата. Забава и за најмладите…

Припадници на МВР вежбаа, децата им се восхитуваа. Најмладите имаа можност да го допрат оружјето и да ги погледнат одблизу полициските возила. Се запознаа со армијата и полицијата. Денот на независноста одбележан со низа активности и во градскиот парк во Скопје. Граѓаните велат, за овие 31 година независност, направено е онолку колку што може да се направи за земјата.

Првите луѓе на одбраната и на армијата, како и на полицијата упатија честитки за денот на македонското осамостојување.

Пред вежбовните активности најмладите ја гледаа и куклената претстава „Лакомата меца“.

По повод Денот на независноста граѓаните бесплатно можат да посетат повеќе културни установи, археолошки локалитети, музеи и галерии кои ги отворија вратите за љубителите на уметноста.

Ана Ј. Тодоровска