Традиционален пикник

Ковачевски: Одиме по трасираната патека кон Европската унија

08.09.2022 14:54

На традиционалниот пикник на СДСМ по повод независноста на државата, премиерот и лидер на партијата, Ковачевски со оценка- Македонија оди по трасираната патека кон ЕУ, успешно се справуваме со енергетската криза. За идната година најави продолжување со субвенционирањето на електричната енергија за да не се дозволат ценовни шокови…

На традиционалниот пикник на СДСМ по повод независноста на државата, премиерот и лидер на партијата Ковачевски оцени – Македонија оди по трасираната патека кон Европската унија, почнати се преговори за членство во ЕУ, за кое уверува дека конечно ќе се реализира во 2030-та година. На 15-ти септември почнува европскиот скрининг, рече премиерот.

Успешно се справуваме со енергетската криза, а сега со над 300 милиони евра кои треба да се обезбедат во буџетот ќе бидат активирани сите капацитети за производство на електрична енергија. Тоа се прави со цел да ја поминеме најтешката зима во по втората светска војна, дополни премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски најави за идната година ќе продолжи со субвенционирањето на електричната енергија за да не се дозволат ценовни шокови. Според Ковачевски, непреченото снабдување со струја мора да се обезбеди, но и цената треба да биде според стандардот.

Игор Панов