Надал во аут, Федерер-Ѓоковиќ за финале
Федерер-Ѓоковиќ и Ферер-Вавринка ќе играат во полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло. Четвртфиналето донесе неизвесност, пресврти и елиминација на светскиот рекет број 1 и рекордерот со 8 трофеи од Монако, Рафаел Надал .

Федерер-Ѓоковиќ и Ферер-Вавринка ќе играат во полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Монте Карло. Четвртфиналето донесе неизвесност, пресврти и елиминација на светскиот рекет број 1 и рекордерот со 8 трофеи од Монако, Рафаел Надал . Во шпанската пресметка Ферер за 2 часа и 15 минути го елиминира првиот фаворит кој од 2005-тата освои 8 титули, а минатата година загуби во финалето.Минатогодишниот победник пак Новак Ѓоковиќ со пресврт го продолжи патот кон одбрана на трофејот откако го загуби првииот сет со 4-6, се врати со 6-3 во вториот и супериорно со два брејка на стартот и со 6-1 го освои третиот сет против Гарсиа-Лопез.. Сличен пат до полуфиналето имаше и неговиот утрешен противник Роџер Федерер кој до 950-тата победа во кариерата и 50-тото мастерс полуфинале стигна по по бедата над Цонга откако го загуби првиот сет со 2-6, но се врати со освоен тај-брејк во вториот и убедливи 6-1 во третиот решавачки сет.
Прв пласманот меѓу најдобрите 4 го обезбеди Вавринка со триумфот над Раониќ со 7-6 и 6-2.
Преносите од полуфиналните дуели ќе ги следиме на МРТ собранискиот сервис од 13 часот и 30 минути.