109 нови случаи со Ковид-19, починато едно лице
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 672 тестови, а регистрирани се 109 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 57, Кавадарци – 10, Прилеп – 7, Куманово и Штип – по 4, Гевгелија и Охрид – по 3, Берово, Битола, Крива Паланка, Ресен, Струга, Струмица и Тетово – по 2, Валандово, Велес, Делчево, Кочани, Кратово, Неготино и Свети Николе – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (109), регистрирани се 27 реинфекции. Регистрирани сe 130 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице, од Струга (76г). Лицето е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, не се пријавени починати лица.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.370, бројот на оздравени пациенти е 330.602, на починати е 9.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.265.
Досега во земјата се направени вкупно 2.156.655 тестирања на Ковид-19.
