Македонија
Пендаровски изрази сочувство за смртта на британската кралица
08.09.2022 21:29
Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.

Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.
Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II. Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.
