Aкредитираните лаборатории, овозможуваат за еден ден компаниите да го добијат потребниот сертификатот

18.04.2014 21:12

Софистицираните акредитирани лаборатории, овозможуваат за еден ден компаниите да го добијат сертификатот кој е гаранција за квалитетот на производот или услугата. Бизнисмените велат дека проверката ќе го зајакне индустрискиот потенцијал, крајниот ефект е зголемен обем на работа и повисока профитабилност. 
- Единствена опција ни беше да бараме надвор од државата или да ја набавуваме сами опремата што не би ни се исплатило на нас.
Колку ви помогнаа овие резултати на испитувањата во вашата работа?

- Па доста ни помогна бидејќи ни помага да ја подобриме услугата која ја нудиме, а со тоа и да добиеме повеќе квалитет.
Лабораторијата за оптички комуникации на Електро факултетот е  една од 40-те акредитирани лаборатории кои се во функција на науката и истражувачката дејност и во поддршката на бизнисот.
- Нарачателот на мерењето ќе добие квалитетна услуга, валидни мерења кои што се извршени по стандард односно во стандарна мерна постапка, со калибрирана опрема.
Овие испитувања во минатите години скапо се плаќаа во странство, а резултатите се чекаа долго, сега тоа е поевтино и побрзо, дома.