Сончево со локална облачност, попладне нестабилно
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, особено на северозапад ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со услови за пороен дожд и грмежи.
Во Скопје, претежно сончево со слаб ветер од југоисточен правец. Во пладневните часови краткотрајно ќе има услови за појава на пороен дожд.
Ширум државата дневната температура ќе биде во интервал од 23 до 32 степени.
Во сабота попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со повремено пороен дожд и грмежи, а во недела условите за нестабилност ќе се намалат.
Од понеделник нè очекува постабилно време.
