Свет
Антони Блинкен денеска на средби во седиштето на НАТО во Брисел
09.09.2022 09:32
Блинкен ден по посетата на Украина, во НАТО ќе разговара со амбасадорите на сите 30 земји членки за актуелните безбедносни ризици...

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе има средби во седиштето на НАТО во Брисел.
Блинкен ден по посетата на Украина, во НАТО ќе разговара со амбасадорите на сите 30 земји членки за актуелните безбедносни ризици. Попладнево ќе има и прес-конференција со генералниот секретар на алијансата Столтенберг.
