Маричиќ од Прага: Да се стане членка на НАТО, за мала земја како нашата е големо достигнување
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска од Прага, порача дека сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат...

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска од Прага, порача дека сме респектабилна земја која има сојузници низ целиот свет, која е почитувана и препознаена по нејзините напори и мудрост да го трасира својот европски пат.
„Изминатите години сведочат за посветена работа во градење и развивање на Северна Македонија како слободно, одговорно и економски силно општество со целосна афирмација на граѓанските вредности. Успеавме и покрај сите предизвици, да останеме јасно ориентирани кон евроатлантските интеграции, инвестирајќи во нашата стратешка цел до крај. Да се стане членка на НАТО за мала земја, како нашата, е големо достигнување, а отворањето на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ, е уште еден важен чекор напред во вистинската насока. Преговорите за пристапување ќе ни помогнат да се движиме низ реформите и да се фокусираме на оние од приоритетна важност, истакна Маричиќ.
