Свет

Северна Кореја усвои закон за превентивни нуклеарни напади

09.09.2022 10:09

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека со новиот закон Северна Кореја неповратно се здобила со статус на држава со нуклеарно оружје. Северна Кореја изврши серија тестови оваа година и покрај санкциите, вклучително и тестирање на интерконтинентална балистичка ракета...

Северна Кореја усвои закон со кој се дозволуваат превентивни нуклеарни напади, објавија денеска севернокорејските државни медиуми.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека со новиот закон Северна Кореја неповратно се здобила со статус на држава со нуклеарно оружје. Северна Кореја изврши серија тестови оваа година и покрај санкциите, вклучително и тестирање на интерконтинентална балистичка ракета. Американските и јужнокорејските власти предупредија дека Пјонгјанг се подготвува да го изврши седмиот нуклеарен тест.