Продолжува дебатата за предлозите за уставни судии пред матичната собраниска комисија
Во Собранието денеска ќе продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдувањето предлог за избор на судии на Уставниот суд...

Во Собранието денеска ќе продолжи седницата на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на чиј дневен ред е утврдувањето предлог за избор на судии на Уставниот суд.
Комисијата досега го усвои назначувањето на Тодор Витларов, вработен во штипското обвинителство, Татјана Васиќ Бозаџиева, државен советник за граѓанско законодавство во Министерството за правда, судијата во Апелацискиот суд во Скопје Фатмир Скендер и обвинителот Љубомир Јовески.
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена на четворица им е истечен мандатот.
