Започнува 25. издание на Скопски филмски фестивал
Како и секоја година селектирани се најзначајните филмски остварувања и на фестивалот ќе бидат прикажани 9 филма меѓу кои јапонскиот оскаровец „Вози ја мојата кола“ како и „Вртлог“, последното остварување на Гаспар Ное...

Со добитникот на „Златната палма“ во Кан, филмот „Триаголник на тагата“, вечерва ќе се отвори 25. издание на Скопскиот филмски фестивал. Во 19 часот во галеријата на Кинотеката ќе биде поставена изложба на плакати по повод 25 години од Скопскиот филмски фестивал која ќе и претходи на проекцијата на филмот и со која ќе биде одбележан почетокот на фестивалот.
Како и секоја година селектирани се најзначајните филмски остварувања и на фестивалот ќе бидат прикажани 9 филма меѓу кои јапонскиот оскаровец „Вози ја мојата кола“ како и „Вртлог“, последното остварување на Гаспар Ное.
Фестивалот ќе трае до 17-ти септември и ќе опфати три целини: светски филм, европски филм и авторски филм.
Во рамки на програмата „Кинемода“ во кафе киното „Котур“ ќе се прикаже документарниот филм односно портрет на еден од најреволуционерните и највлијателни модни дизајнери во последните 30 години – „Мартин Маргиела“, по проекцијата ќе следува и разговор на Кристина Глигоровска и Александра Оленска.
