Продолжува хегемонијата на Германците
19.04.2014 10:18
Ништо ново на истокот. Мерцедес и натаму доминира, на стартот на новата Формула 1 сезона. 4 трки – 4 пол позиции, Луис Хамилтон во Шангај ја освои третата сезонава, вкупно 34-та во неговата кариера. Британецот беше најбрз во квалификациите во Кина и минатата година.

До него ќе стартува Даниел Рикиардо, трет е актуелниот и четирикратен шампион Себастијан Фетел, двајцата од Ред Бул. Нико Розберг ќе ја почне трката од четвртата позиција. Фернандо Алонсо може да биде до некаде задоволен, затоа што Ферари ќе стартува веднаш зад фаворизираната двојка Мерцедес-Ред Бул, од 5-та позиција. Разочарување за Италијанците е елиминацијата на Раиконен во втората сесија, по што Финецот ќе стартува 11-ти.
Меѓу Алонсо и Раиконен се пласираа двајцата возачи на Вилијамс - Маса на 6-та позиција и Ботас на 7-та, пред Хулкенберг со Форс Индија, Верн од Торо Росо и Грожан од Лотус. Џенсон Батон од Мекларен е 12-ти.
Трката за ГН на Кина е утре во 9 часот, во живо на МТВ.