Американец чува македонска музика

19.04.2014 10:37

Американецот Мартин Крниг е иницијатор за издавање на ЦеДе со македонска музика што ќе се зачува за идните генерации во архивите на американскиот музеј Смитсониан во Вашингтон. Македонската музија е веќе поставена на интернет страницата Ехо од Балканот чиј основач е овој американски етнограф.
 
Точно пред половина век, Американецот Мартин Крниг се запознал со македонската музика и се вљубил во неа. Патувајќи низ Македонија уште од 60-тите години на минатиот век, собрал голема колекција на песни и снимил неколку стотици касети присуствувајќи на свадби и на веселби.
 
„Македонската музика и македонските танци се многу спектакуларни. Група Танец е составена од извонредни играорци.„-
Изјава Мартин Крниг-етнограф и специјалист за култура
 
Крниг е основач на Центарот за традиционална музика и танц во Њујорк, каде може да се слушне и македонска музика. Како поборник за зачувување на македонската изворна музика е иницијатор за издавање на ЦеДе во архивите на американскиот музеј Смитсониан во Вашингтон.
 
„Во процес сум да му оставам на музејот Смитсониан, македонска музика што ја снимив во 1968-та.„ -Изјава Мартин Крниг-етнограф и специјалист за култура
 
Младите генерации во Македонија, но и во светот треба да го зачуваат културното богатство од македонска музика и танци, вели Крниг, чиј македонски е малку подраборавен, но се уште може да разбере за што се говори во македонските песни.
 
„Американците се повеќе се запознаваат со македонската музика. Наскоро во Вашингтон ќе одржи концерт и Симон Трпчески.„
Ирина Гелевска, постојан дописник за МРТ од Вашингтон