Ограничени маржи за трговците со струја
Маржата за трговија со струја ограничена на 10%. Регулаторна направи измена на правилникот. Крајниот снабдувач ќе наплаќа 20% маржа наместо 50%. Ќе им излеземе во пресрет на компаниите коишто се на слободниот пазар, вели министерот Бектеши. Има и јавни институции коишто не склучиле навремено договори за снабдување со струја, па сега плаќаат за 50 насто повисоки сметки...

Трговската маржа за електрична енергија се ограничува на 10 проценти. Се излегува во пресрет на компаниите кои со струја се снабдуваат на слободниот пазар, значително ќе им намалат трошоците за електрична енергија, вели министерот Бектеши. Регулаторната комисија за енергетика направи измена на правилникот. Намалена е маржата која ја пресметува крајниот снабдувач од 50% на 20%“. Има и јавни институции коишто не склучиле навремено договори за снабдување со струја, па сега плаќаат повисоки сметки.
Овие субјекти се околу 1500, според податоците на министерството за економија. На почеток на октомври владата ќе бара извештаи за тоа колку се троши и штеди електрична енергија. Според Бектеши одлуката е донесена за да се заштити од нарушување на домашниот пазар заради злоупотреба во прометот на одделни производи и стоки и на предлог на Министерството за економија потребно е да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона од 15 октомври.
Министерот истакна дека со Србија ќе имаме размена тие ќе ни даваат природен гас, ние ним електрична енергија, додека од Бугарија ќе увезуваме потребни количества електрична енергија.
Наташа Ј. Менковски
