Енергетска криза

Мицкоски: Ни половина милијарда нема да ја спасат земјава

09.09.2022 15:23

Владејачката партија не го става стопанството во калкулациите, вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски. Според Мицкоски, Советот за безбедност требало да се состане по денешниот состанок на министрите за енергетика на земјите членки на Европската Унија. Забележа дека на состанокот на Советот за безбедност немало покането ниту еден претставник на локалната самоуправа...

Дури ни половина милијарда евра во моментов не може да ја спасат државата од кризата што следува, смета лидерот на ВМРО–ДПМНЕ Мицкоски. Вели, владејачката партија не го става стопанството во калкулациите. Според Мицкоски средбата на Советот за безбедност за да има некаков инпут требаше да се одржи после денешниот состанок на министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ, за кој пак рече дека е катастрофално што на истиот не беше поканет ниту еден претставник на локалната самоуправа.

Мицкоски смета дека наместо вишоците на струја да бидат понудени на домашниот пазар, на компанииите коишто сега не работат, тие се понудени на компанија која сосема случајно купува прекуграничен капацитет истиот месец од Македонија во Србија, односно во Косово и потоа сосема случајно од Косово истите тие ги носи во Албанија и ги продава за потребите на „кеш“, односно албанската енергетска компанија. Според него ова не е случајно.

Ана Ј. Тодоровска