Здравство

34 нови случаи со Ковид-19, починати три лица

09.09.2022 16:43

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032.

Во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на Ковид-19: Скопје– 26, Битола и  Прилеп– по 2, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе  – по 1. Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 8 реинфекции. Регистрирани сe 264 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79г-89г. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10-29.08.2022.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506, а бројот на активни случаи изнесува 1.032.

Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на Ковид-19.