Соработка

Директорката на Царинската управа, Кутиров на работна средба во Рим

09.09.2022 17:32

Како што информираат од Царинската управа, за време на работната средба бил потпишан Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци...

Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров денеска оствари работна средба со директорите на Царинските управи на Албанија, Италија и Црна Гора во Рим, заедно со високи претставници на ЦЕФТА Секретаријатот и Меѓународната транспортна заедница.

Како што информираат од Царинската управа, за време на работната средба бил потпишан Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинските управи на Албанија и Црна Гора со Царинската управа на Италија, следејќи го примерот на Северна Македонија и Грција, од самитот во Солун во јули оваа година, на кој беше потпишан првиот меморандум со земја-членка на Европската Унија за воспоставување на електронска размена на податоци помеѓу двете земји.

Кутиров истакна дека размената на податоци пред пристигнување на стоките помеѓу земјите од регионот е од големо значење како за олеснувањето на царинските процедури, за поефикасни контроли, а дополнително придонесува и за забрзување на транспортот и трговијата во регионот, се вели во соопштението.

Сите страни изразиле подготвеност за продлабочување на соработката и планирање на заеднички идни активности.