Македонија

Прилеп: Тензична производствена година и глобалната криза за храна

10.09.2022 15:42

Поминуваме напната производствена година и глобалната криза за храна. Најбитно е планирањето на новото производство. За агрономите тоа зависи од откупните цени на произведеното...

Откупните цени на произведеното директно влијаат на новите планови во производството на храна. Пченицата добро помина со 20-тина денари за килограм што дава надеж за зголемување на површините. Неизвесно е кај градинарските култури.

Што велат производителите?

„Не се очекува млечна криза, иако константно имаме намалување на сточниот фонд и зависиме од увозот. Проблем е цената на млекото, а и недостигот од работна сила“.

Дали оваа зима ќе бидеме сити или гладни? Агрономите не стравуваат, но проблемот го гледаат подолгорочно, во планирањето на производството.

Многу зависи од цените на репроматеријалите.

Производството на храна зависи од исплатливоста. Државата тргна во стимулацијата, ама тоа е посеопфатен и долг процес.

Елизабета Митреска