Преспанските овоштари на нов мирен протест
Еден месец по првиот мирен протест преспанските овоштари денеска повторно го кренаа гласот. Овојпат со апел да се доисплатат преостанатите побарувања за штетите од градот за периодот од 2016-та до 2018-та година...

По еден месец од првиот мирен протест преспанските овоштари денес повторно се собраа. Овојпат да изразат благодарност што во изминатиов период им биле исплатени околу 50-тина отсто за штетите од градот за периодот 2016-2018-та години, но и да кажат гласно дека тоа недоволно доколку во најкус временски рок на сметките не им легнат преостанатите средства.
Во изминативе шест години покажавме максимална трпеливост и разбирање за проблемите на државата со короната, економската, па и енергетската криза. Сега е време и тие да покажат флексибилност, кога нас ни е најпотребно, а понатаму редовно да си ги сервисираат нашите побарувања по различните основи, велат преспанските овоштари.
Само со навремена исплата на ваквите средства може некако да се надминат состојбите што не снајдоа и евентуално да дочекаме година со богат род и солидни откупни цени, порачаа овоштарите од денешниов мирен протест.
Стевче Митревски
