Влажноста на воздухот им пречи на пациентите со кардиоваскуларни болести
Типот на повиците се различни во овој период на годината, најмногу за мозочни удари велат во итната медицинска помош. Влијае и нагласената влажност на воздухот особено на крвниот притисок...

Променливото време со големи температурни разлики во текот на денот е причина за зголемениот број на мозочни и срцеви удари велат во итната медицинска помош . Лекарите со препорака до хроничните болни за редовност според препишаната терапија.
Итната медицинска помош ги повика граѓаните да не го злоупотребуваат бројот за консултации бидејќи функционира телефонската линија- ало докторе- за да можат навремено да одговорат на итните повици.
Иако календарски се уште е лето влажниот бран со засилен северен ветер и пониската температура која не е карактеристична за овој период од годината ќе се задржи до средината на наредната недела.
Повисока температура, според најавите, не очекува од среда.
Билјана Јанакиеска
