Сообраќајот кај Соборниот храм ќе биде пренасочен

19.04.2014 11:33

Сообраќајот кај Соборниот храм вечер од 19 до 2 часот ќе биде пренасочен поради чествувањето на Христовото воскресение - Велигден.
 
По булеварот „Партизански одреди“ нема да се сообраќа на потегот од крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт“ кај „Симпо“ до крстосницата со булеварот „ВМРО“ и зградата на Македонска пошта, додека по булеварот „Климент Охридски“ - од крстосницата со булеварот „Илинден“ кај Владата на Република Македонија до крстосницата со улицата „Димитрија Чуповски“ кај студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“.
 
Присуството на сообраќајната полиција ќе биде засилено поради големата посетеност на верските објекти.