175 санкционирани возачи во Скопје, 53 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 15 мерки за возење под дејство на алкохол...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 15 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се девет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), соопштуваат од МВР.
