САД
Бајден ја продолжи вонредната состојба поради тероризам уште една година
11.09.2022 10:00
Американскиот претседател Џо Бајден ја продолжи за уште една година вонредната состојба, воведена на 14 септември 2001 година, по терористичките напади врз Њујорк, Пентагон и Пенсилванија...

Американскиот претседател Џо Бајден ја продолжи за уште една година вонредната состојба, воведена на 14 септември 2001 година, по терористичките напади врз Њујорк, Пентагон и Пенсилванија. Од Белата куќа нагласија дека сè уште постои закана од вакви напади.
САД одбележуваат 21 година од нападите на 11 септември во кои загинаа речиси 3000 луѓе.
