ПАКИСТАН

Гутереш: Поплавите се „климатски масакр“

11.09.2022 10:05

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, викендов во посета на Пакистан. Земјата со месеци се справува со поројни монсунски дождови и поплави кои усмртија над 1300 лица, а раселија милиони...

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, викендов во посета на Пакистан. Земјата со месеци се справува со поројни монсунски дождови и поплави кои усмртија над 1300 лица, а раселија милиони. Во невремето се повредени речиси 13 илјади луѓе. Водата уништи огромни делови од патната и комуникациската инфраструктура.

Сум видел многу хуманитарни катастрофи низ светот, но никогаш климатски масакр од вакви размери. Немам зборови да го опишам ова што го видов денес. Поплавена област која е три пати поголема од територијата на мојата земја, Португалија. Потребите се огромни и барам голема и итна финансиска поддршка за Пакистан. Ова не е прашање на солидарност и дарежливост, туку на правда. Пакистан ја плаќа цената на нешто што е предизвикано од други“, изјави генералениот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Експертите тврдат дека причина за подранетата сезона и засилените поројни дождови е глобалното затоплување.